Фото: Пиксабеј

Албанскиот премиер Еди Рама објави статистика за бројот на странски туристи во земјата, при што наведува дека 2022 година била многу успешна за туризмот, следејќи го нагорниот тренд во однос на 2021 година.

Според него  „2022 година бележи и нови туристички текови, кои се надополнија на гостите кои ние како држава ги пречекуваме секоја година“.

Рама наведе дека годинава се регистрирани околу четирипати повеќе посетители од Шпанија; 97,1 отсто повеќе од Велика Британија,  трипати повеќе од Холандија, повеќе од двојно зголемување на посетителите од Словенија и удвојување на посетителите кои доаѓаат од скандинавските земји.

Албанското Министерство за туризам и животна средина, во објавената статистика наведува дека во периодот јануари-октомври 2021 година се регистрирани 5.177.116 странски туристи, додека за истиот период од годинава земјата ја посетиле 6.793.892 странски туристи.