Црна Гора
Владата на Црна Гора од неделава најави намалување на цените на повеќе од сто артикли во рамките на акцијата „Стоп на инфлацијата 100 плус“, која ќе трае до крајот на годината. Црногорското министерство за економски развој и туризам, во соработка со претставници на трговските синџири и дистрибутери, договори продолжување на акцијата, чија цел е заштита на животниот стандард на граѓаните и намалување на инфлацијата.
Трговците се должни да дефинираат список од најмалку 100 производи за кои ќе ги намалат цените со утврдување максимална маржа на мало и големо од пет проценти, додека за трговците со помалку од 100 вработени антиинфлациската кошничка подразбира листа од најмалку 50 производи.
Производите од антиинфлациската кошничка ќе бидат означени на ист начин како и во претходната кампања „Стоп за инфлацијата“, која траеше од крајот на март до крајот на јуни годинава.
За трговците што продаваат специфичен вид стоки, како што се технологија, козметика, кошницата против инфлација ќе биде усогласена на тој тип производи.
Р.С.