Фото: Фејсбук/Александар Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на денешното обраќање рече дека ЛГБТ-манифестрацијата „Европрајд“ ќе биде откажана. Нејзиното одржување беше предвидено за следниот месец.

Вучиќ во своето обраќање до јавноста објасни дека не го радува тоа, односно оти ваквата одлука ги загрозува правата на малцинството, но дека државата ја донелае под притисок на бројните проблеми.

– Се соочуваме и со тешка криза на Косово, која нема да заврши до 31 октомври – рече Вучиќ и повтори дека „Србија нема каде да се движи“, но дека нема да се откаже од табличките на Косово и Метохија, ниту ќе прифати Србите од Косово да не им се гарантира дека можат да излезат и да влезат без документи од Приштина.

– Значи, одиме во поголема криза и имаме многу проблеми – додаде Вучиќ.

Тој посочи и на многуте лаги кажани за Парадата на гордоста, за наводите дека Прајд ќе го уништи високиот морал на црквата, каде, како шето истакна, литургии држат екскомуницирани монаси, а ги закажуваат некои кои се осудени за семејно насилство и други кривични дела.

Вучиќ додаде дека има многу луѓе кои искрено веруваат дека тоа е големо зло, но дека признава дека откажувањето ги загрозува правата на малцинството, бидејќи државата е притисната од проблеми.

Српскиот претседател рече дека треба да се срамат оние кои парадата ја споредуваат со одбраната на Косово, како и оние партии кои живеат од омраза кон хомосексуалците.

Организаторите на „Европрајд“ тврдат дека државата не може да ја откаже манифестацијата, туку само да ја забрани, што би било противуставно.