Претседателите на Србија и Бугарија, Александар Вучиќ и Румен Радев денеска се сретнаа во Костинброд, каде присуствуваа на почетокот на изградбата на гасниот интерконектор Бугарија-Србија, јави Бета.
– Важен ден за Србија и Бугарија и за целиот регион. Продолжуваме да поврзуваме две земји, два народи и нашите економии – напиша Вучиќ во објава на Инстаграм.
Под фотографијата на која се поздравува со својот бугарски колега напиша дека новиот гасен интерконектор ќе донесе „поголема енергетска сигурност за граѓаните и шанса за нови инвестиции“.
Вучиќ информира дека разговарале и за други проекти за кои наведе дека се во план.
– Благодарам Румен Радев на трудот заедно да изградиме подобра иднина и најдобри можни заеднички односи – напиша Вучиќ.