Фото: Официјална страница на грчката крајбрежна стража

Грчката страна испрати две писма до генералниот секретар на ОН, во кои се отфрлаат сите турски аргументи во однос на статусот на грчките острови во Егејското Море, односно за поврзаноста на грчкиот суверенитет на островите со наводната обврска за нивна демилитаризација, истакнале грчки дипломатски извори за медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Реакцијата од Грција доаѓа по изјавата на министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу, кој на пресконференцијата по средбата со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, според турските медиуми, рекол дека со вооружувањето на островите во Егејското Море, Атина ги и прекршува меѓународни договори, а продолжувањето на ова прекршување го доведува во прашање суверенитетот на островите.