Фото: Официјална страница на турскиот претседател

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска, одговарајќи на повикот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, дека Турција се приклучува кон санкциите против Русија, изјави дека европскиот политичар нема овластување за односите меѓу Москва и Анкара.

Ердоган, по враќањето од средбата во Туркменистан, посочи дека Борел може да разговара со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу бидејќи тоа е неговото ниво, објави телевизискиот канал ТРТ, а пренесува руската агенција ТАС С.

– Борел не може да ги дефинира и официјализира односите на Турција со Русија, бидејќи тој нема ниту квалификации ниту способност да носи такви одлуки – рече Ердоган.