Роберта Мецола (лево) и Урсула фон дер Лајен (Фото: ЕК)

Корупцискиот скандал во Европскиот парламент беше една од темите на маргините на самитот на лидерите на ЕУ денеска во Брисел, но и темата која привлече најголем интерес кај новинарите.

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола се состана со лидерите на ЕУ на почетокот на самитот, а потоа се обрати пред печатот.

– Само што имавме долга размена на мислења со премиерите и претседателите на институциите. Голем дел беше посветен на кривичните постапки во кои учествуваше парламентот. Лидерите изразија голема поддршка за начинот на кој парламентот постапува со ова прашање – кажа Мецола.