Фото: Маја Јаневска-Илиева / Архива

Уште еден напад на меѓунационална основа во Косово

Канцеларијата за Косово и Метохија соопшти дека момчето Лазар М. (15) вчераутро било претепано од четворица повозрасни Албанци во етнички мешаната населба Суви Дол во Косово. Тој утрото пеш излегол од дома, кога од автомобил во движење му довикнале на албански јазик. Детето ја спуштило главата, што на напаѓачите им било знак дека не го разбира јазикот и дека е Србин, па го запреле возилото и го претепале момчето, пренесуваат тамошните медиуми.
Како што се наведува во соопштението, момчето утрината во придружба на својот татко Златко отишло во Клиничкиот болнички центар во Косовска Митровица со видливи повреди на главата, хематоми и гребаници, како и модринка под окото, а според него, напаѓачите го удриле неколкупати во пределот на градите и стомакот. Поставена е целосна дијагноза и пуштен е на домашно лекување.

Подготвил: Mарјан Велевски