Растот на ескалациите и реториката на поделби на Западен Балкан, годинава, ги попречиле земјите од регионот во нивниот пристап кон европската иднина, смета шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, наведувајќи ја како пример ситуацијата во БиХ.

Борел ја оценил 2021 како „година на транзиција“ во која ЕУ работела на зачувување на своите интереси, во својот новогодишен блог за најважните настани годинава на полето на надворешната и одбранбената политика на ЕУ.

Покрај пандемијата, Борел изјави дека ЕУ се соочувала со други „кризни ситуации“ на меѓународната агенда во 2021 година, како што се „Белорусија, Украина, Мали, Судан, Авганистан, Етиопија и Венецуела“.

Борел заклучил дека имало и „позитивни случувања“, како што е презентацијата на Стратешкиот компас на ЕУ, чија цел е да ја зајакне безбедносната улога на Унијата во светот.