Италијанската полиција привела членови на криминална група, меѓу кои и двајца Срби. Групата е осомничена за трговија со дрога.

Според информациите, уапсени се петмина српски државјани, а еден од нив веќе бил во затвор во Виченца.

Освен српски државјани, уапсени се и една Романка и тројца Италијанци, пренесе порталот „Џорнале ди Виченца“.

Организацијата се занимавала со трговија на големи количини дрога, која ја пренесувале со камиони од Шпанија во Италија. Дрогата потоа ја дистрибуирале во Падова, Бари и Венеција.

За време на операцијата запленети се автомобили „бе-ем-ве“, „мерцедес“, „ауди“ во вкупна вредност од околу 200 илјади евра, уште 5,5 килограми дрога и садници канабис, 22 мобилни телефони, 7.400 евра во готовина, три ваги за мерење наркотици, компјутер и 20 СИМ-картички, пренесе италијанскиот портал.