Во Албанија се шири пандемската форма на вирусот АХ1Н1, познат како свински грип, а во исто време расте и бројот на заразени од морбили.

По официјално потврдените два смртни случаи меѓу жители на градот Елбасан, се очекува потврда од анализите за третиот смртен случај. Заразени со врусот АВХ1Н1 се регистрирани и во приморскиот град Валона.

– Регистрирани се осум случаи заразени со опасниот вирус АХ1Н1. Меѓу нив е и едно дете – потврдија претставници на Регионалната управа за јавно здравје во Валона.

Истиот извор наведува дека во земјата се зголемува и бројот на заразени од морбили.

Според Институтот за јавно здравје, од почетокот на годинава до денеска регистрирани се 51 случај. Најпогодени се деца до двегодишна возраст, а најголемиот број заразени се регистрирани во Тирана.

Институтот упати апел да се продолжи со вакцинација на децата до петгодишна возраст, според националниот календар за имунизација, но и на повозрасните кои не се вакцинирани или ја немаат примено втората доза од МПР вакцината.