Петмина турски војници загинаа, а 10 се хоспитализирани откако автобусот во кој се наоѓале се превртел во провинцијата Мерсин на југот на Турција.

Покрај нив, загина и возачот на автобусот, пренесува „Ројтерс“.

Повредените војници имаат сериозни повреди и се пренесени во болница.

Засега е непознато што го предизвикало инцидентот.