Земјотрес со јачина од 4,9 степени по Рихтеровата скала се случил синоќа јужно од грчкиот остров Крит.

Епицентарот на земјотресот бил во морето, на 108 километри од Арви, на длабочина од 10 километри, објави Геодинамичкиот институт во Атина.

Земјотресот се случил околу два часот наутро, а му претходел земјотрес од 3,6 степени во истата зона, неколку часа порано, јави агенцијата АНА.

Во последните неколку дена, во зоната на Крит се регистрирани неколку земјотреси, кои се последица на смирувањето на земјата по силниот земјотрес од шест степени, што го погоди островот на почетокот на мај.