Американскиот претседател Џозеф Бајден го назначи генерал-полковник на воздухопловните сили Тимоти Хо за шеф на Агенцијата за национална безбедност (НСА) и на американската сајбер-команда.
Тој во моментов е заменик-командант на воената сајбер-команда, под надлежност на актуелниот шеф на НСА и на сајбер-командата, Пол Накасон, објави „Ројтерс“.
Хо во минатото бил на голем број позиции за разузнавање и сајбер-безбедност, меѓу кои и директор на разузнавањето во сајбер-командата и заменик-командант на здружените оперативни сили АРЕС.