Италијанската премиерка Џорџа Мелони по судирите за време на протестите во неколку градови низ Италија, синоќа објави дека правото на демонстрации секогаш мора да биде загарантирано, но и правото на граѓаните безбедно да живеат во своите градови.
– Мерките усвоени од Советот на министри пред неколку дена исто така се движат во оваа насока, така што државата има поефикасни инструменти за спречување на насилството и спречување на криминалците и злосторниците да претворат цели градови во немири – наведе Мелони на социјалните мрежи, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.
Таа објави дека безбедноста мора да биде загарантирана за сите – оние кои сакаат мирно да протестираат, луѓето кои работат и граѓаните кои сакаат да живеат во своите градови без страв, без оставање простор за оние кои бараат конфликт и насилство.

































