Фото: Принтскрин / Твитер

Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби изјави дека доколку САД не ја поддржат Украина во борбата против Русија, тоа ќе предизвика голема штета на американските економски и безбедносни интереси.

-Ако рускиот претседател Владимир Путин ја освои Украина, тој стои на прагот на НАТО. И како што реков пред некој ден, ако мислите дека цената за поддршка на Украина е висока сега, размислете колку ќе биде не само во пари, туку и во американска крв, ако треба да почнеме да постапуваме по нашите обврски од член пет – рече Кирби на брифингот со новинарите.

Членот пет од Северноатлантскиот договор бара од земјите-членки да ги сметаат вооружените напади врз која било земја-членка како напади врз целата Алијанса и да обезбедат итна воена помош.