Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, кратко зборуваше по денешната средба со претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, нарекувајќи ја средбата продуктивна.

„Разговаравме за повеќе прашања, вклучувајќи ја и ситуацијата на границата со Русија“, рече Фон дер Лаен.

Таа ја нарече сегашната ситуација на границата на Европската Унија со Белорусија „хибридна војна“, негирајќи дека се работи за мигрантска криза.

Исто така, најави дека санкциите против Белорусија ќе бидат проширени на почетокот на следната недела.

Претходно медиумите објавија дека средбата на првиот човек на ЕК и американскиот претседател ќе биде посветена на многу прашања, а едно од нив би можело да биде и ситуацијата на Западен Балкан.

Во најавата за средбата, Белата куќа соопшти дека функционерите ќе разговараат за подобрување на односите меѓу ЕУ и САД.