Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск денеска изрази солидарност на ЕУ со САД, Велика Британија и Франција по нападите врз Сирија.

– Нападите од страна на САД, Франција и Велика Британија се јасен знак дека сирискиот режим заедно со Русија и Иран не смеат да продолжат со оваа човечка трагедија, барем не без цена. ЕУ стои со своите сојузници на страната на правдата – објави Туск на својот Твитер во прва реакција на ЕУ за нападите.

Туск е претседател на Европскиот совет, институцијата која ги обединува шефовите на држави или влади на земјите членки на Европската Унија.