Претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција ќе формира безбедносна зона од 32 км во Сирија, како што предложи претседателот на САД Доналд Трамп. Двајцата лидери сакаат да ги намалат тензиите околу Курдите во Сирија, откако Трамп се закани дека економски ќе ја уништи Турција ако ги нападне

Се намалуваат тензиите меѓу САД и Турција?

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека турските сили се подготвени да формираат безбедносна зона во северна Сирија, како што предложи неговиот американски колега Доналд Трамп. Двајцата лидери се обидуваат да ги смират тензиите откако Трамп на Твитер се закани дека економски ќе ја уништи Турција ако ги нападне курдските сили во Сирија, а вторите ги предупреди да не провоцираат. САД ги обучуваат и ги вооружуваат курдските сили во борбата против Исламска држава во Сирија, додека Анкара ги смета за терористи и тврди дека соработуваат со курдските сили во Турција, кои се борат за отцепување и за создавање независна курдска држава.
Трамп во декември најави дека САД ќе почнат со повлекување на своите 2.000 војници од Сирија бидејќи Исламска држава била поразена.