Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција почнала да развива сопствен систем за противракетна одбрана со долг дострел, јави турската телевизија НТВ.

– Почна работата за создавање национален систем за противракетна одбрана. Првите испораки се закажани за крајот на 2021 година. Посакувам успех на овој проект за систем за ПРО, кој ќе се вика „Сипер“ (штит на турски) – информира Ердоган.

Тој нагласи дека „на Турција и е потребен сопствен антиракетен комплекс“.

Турскиот претседател додаде дека во развојот на системот се вклучени неколку компании, меѓу кои и водечките компании во турската одбранбена индустрија, Аселсан и Рокетсан.