Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да ги угасне протестите во САД, поради смртта на Џорџ Флојд.
Ако градовите и државите не успеат да ги контролираат протестите и да ги заштитат своите граѓани, тој се закани дека ќе ја испрати војската и многу брзо ќе го реши проблемот наместо нив.

Кандидатот за претседател, Џо Бајден го критикуваше Трамп за неговото однесување кон демонстрантите.

– Нема да дозволиме ниту еден претседател да не замолкне – порача Бајден, повикувајќи се на уставот на САД, кој гарантира слобода на собирање на демонстрантите.

Во меѓувреме, во САД врие. Жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата се забележани во повеќе градови. Исто така, како што пренесуваат светските медиуми, поради хаосот на улиците, протестите се претворија во кражби и насилства.

Шерифот во Лас Вегас изјави дека офицер загинал во пукање, откако полицијата се обидела да растера толпа.

Десетици луѓе се повредени додека властите употребиле солзавец и сила да ги растераат протестите кои зафатија повеќе од 75 градови.

Во меѓувреме четворица офицери беа застрелани и повредени за време на немирите во Сент Луис, Мисури.