Рускиот претседател Владимир Путин донесе уредба, со која се утврдува дека руската војска може да употреби нуклеарно оружје како одговор на напад кој би вклучувал само конвенционално оружје.

Русија може да преземе таква акција ако почетниот напад претставува потенцијална закана на „опстанокот на државата“, според уредбата објавена на интернет страницата на Кремељ.

Својот нуклеарен арсенал, Русија може да го употреби и како одговор на напад на сојузник, ако таков напад вклучува оружје за масовно уништување, стои во уредбата.

Путин, според извршната уредба, го задржува правото како претседател да донесе конечна одлука за употребата на нуклеарно оружје.