Врховниот суд на САД соопшти дека претседателот Доналд Трамп може да користи средства од Пентагон во висина од 2,5 милијарди долари за изградба на дел од ѕидот на јужната граница со Мексико, објавија светските медиуми.

Судот пресуди со пет гласа наспроти четири со што ја блокира пресудата на федералниот судија во сојузната држава Калифорнија, кој го спречи Трамп да ги троши парите за ѕидот.

Ѕидот меѓу САД и Мексико беше главно ветување во предизборната кампања на Трамп за изборите во 2016 година.

На проектот, вреден шест милијарди долари, жестоко му се спротивставија демократите и мексиканската влада.

Ваквата одлука на највисокиот суд, Трамп ја нарече голема победа за граничната безбедност и владеење на правото.