Уште шест тела се пронајдени под урнатините на зградата во Сурсфајд, во близина на Мајами бич во Флорида, со што вкупниот број на жртви се искачи на 18.

Две деца се меѓу жртвите, а локалните власти соопштија дека 147 лица сè уште се водат како исчезнати. Повеќе од 200 спасувачи продолжуваат со потрагата.

Сè уште се испитува што довело до рушење на зградата пред шест дена, но вниманието е насочено кон структурните оштетувања наведени во извештајот на инженерите од 2018 година, што го објавија градските власти на Сурсфајд.

Во тој извештај, инженерите утврдиле значителна структурна штета околу базенот во зградата и пропаѓање на цементот во подземната гаража.

Американскиот претседател Џо Бајден планира денеска да го посети Сурфсајд за да им изрази сочувство на семејствата на жртвите.

Ова ќе биде второ претседателско патување на Бајден на место на катастрофа, откако во февруари тој го обиколи Тексас за време на големата зимска бура, кога милиони луѓе останаа без струја и вода.

Бајден претходно го одложи одењето во Сурсфајд за да не се меша во работата на спасувачите. Тој издаде итен указ и испрати федерална помош во Флорида за поддршка во акциите по уривањето на зградата.