Силна експлозија денеска повторно одекна во Кабул, во делот од градот каде се наоѓаат странски амбасади и владини згради.

Од силината на експлозијата се треселе вратите и прозорците на објектите во околината, а голем облак од чад се надвил над овој дел од градот, пренесуваат агенциите.

Засега не се знае причината за експлозијата, а според некои локални медиуми во истата има неколкумина загинати и повеќе поредени лица.

Амбулантните возила и спасувачки екипи се упатени на местото на инцидентот.

Ова е втора експлозија што ја потресува престолнината на Авганистан за само неколку дена. Во понеделникот во самоубиствен напад на талибанците во Кабул беа убиени 16 лица, а 119 беа поврдени.