Над десет илјади луѓе од повеќе земји низ Европа изминативе денови масовно протестираат на улиците во европските градови против задолжителната употреба на ковид-пропусниците при работа наложена од владите.
Имено, како што пренесуваат медиумите, иако епидемиолошките слики во државите низ Европа бележат високи бројки на инфекции од вирусот, сепак Европејците на големо се противат за задолжителниот „зелен сертификат“ при вршењето на секојдневните активности.
Според извештаите на медиумските куќи, протестите, кои од ден на ден заземаат сѐ поголема масовност, се насочени главно кон владите и применувањето на рестриктивните мерки.
Од друга страна, образложението на протестантите за собирите е дека рестриктивните мерки ги нарушуваат основните човекови права.
Најмасовни протести изминатиот период беше забележани во центарот на Љубљана, каде што неколку илјади лица поттикнати од незадоволството од корона-мерките протестираа на улиците. Сообраќајот беше блокиран, а полицијата постави блокади додека градот беше опколен со хеликоптери, пренесуваат тамошните медиуми.
Слично како во Словенија, и во Франција, Италија и Швајцарија народот се крена на нозе против задолжителната употреба на ковид-сертификатите во јавниот живот и за одење на работа.