Најмалку седум лица беа повредени кога кабелот, кој ја придржува гондолата во швајцарското планинско одморалиште, се скина за време на работите околу одржувањето, соопшти полицијата денеска.

Спасувачите се испратени на жичницата на планината Титлис во кантонот Обвалден, објави „Ројтерс“.

Исто така, на местото на настанот беа испратени четири хеликоптери, соопшти хеликоптерската служба за итни ситуации.