Поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал денеска излезе од болница, два месеца откако беше отруен со нервен гас.

Скрипал и неговата ќерка Јулија беа пронајдени во бессознание во англискиот град Солзбери на 4 март и повеќе недели беа во критична здравствена состојба.

Јулија побрзо заздраве од нејзиниот татко и беше отпуштена од болница минатиот месец.

Скрипал и неговата ќерка се префрлени на тајна локација од безбедносни причини.

Велика Британија претходно ја обвини Русија за нападот врз Скрипал и неговата ќерка. Москва негира каква било вмешаност во инцидентот, што доведе до влошување на односите меѓу Русија и Западот.