Кина им дозволи на паровите да имаат до три деца, со цел да се зголеми наталитетот. Оваа регулатива е една од неколкуте усвоени на состанокот на водечките државни заменици од Националниот народен конгрес (НПЦ), објави „Би-би-си“.

Пекинг уште во мај објави дека ќе им овозможи на паровите да имаат најмногу три деца. Одлуката сега стана законска, заедно со неколку резолуции насочени кон зголемување на наталитетот и намалување на товарот за воспитување дете, објави агенцијата „Синхуа“.

Меѓу резолуциите е и укинувањето на финансиската казна што двојките треба да ја платат доколку имаат повеќе деца од дозволеното, што ќе им овозможи на локалните власти да понудат породилно отсуство, да ги зголемат правата на жените на работа и да ја зајакнат инфраструктурата за предучилишна возраст.

Најновите податоци покажаа дека има голем пад на наталитетот.

Пред пет години, Кина ја укина децениската политика која им дозволуваше на паровите да имаат само едно дете, дозволувајќи им две деца, но тоа не помогна да се зголеми бројот на родени деца.

Големите трошоци за одгледување деца во градовите ги одврати многу двојки во Кина да имаат две деца.