Фото: пиксабеј/илустрација

Севернокорејската државна телевизија го објавила првиот извештај од Олимписките игри во Токио два дена по затворањето.

Според извештаите на локалните медиуми, Корејската централна телевизија оваа недела емитувала 70 минути од женскиот фудбалски натпревар помеѓу Велика Британија и Чиле, пренесе денеска Би-би-си. Всушност, тој натпревар се одигра на 21 јули.

Во Северна Кореја претходно бил емитуван извештај за Олимписките игри неколку дена по церемонијата на отворањето.

Според веб-страницата „НК њуз“, женскиот натпревар бил пренесуван без коментар и во лоша резолуција, па останува нејасен начинот на кој дифузерот дошол до снимката.

Северна Кореја не испрати делегација во Токио наведувајќи како причина дека сака да ги заштити спортистите од ковид-19. Пјонгјанг тврди дека досега во земјата не е забележан ниту еден случај на зараза, но експертите велат дека тоа е малку веројатно.