Во Москва се одржа парада по повод 9 мај, Ден на победата над фашизмот во Втората светска војна. На парадата присуствува и претседателот на Русија, Владимир Путин, а него му рапортираше министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, пренесува „Танјуг“.

Претседателот Путин испрати честитки за Денот на победата и како што рече, тоа е ден на руската гордост, тага и бескрајна благодарност на заштитниците на татковината кои го разбиле нацизмот.

– Тие војувале, се труделе, минале низ надчовечки искушенија и застанале на многу страшно место кога било неопходно. Дале се што е потребно и ја заработиле победата – порача Путин на почетокот на традиционалната воена парада, која секоја година се одржува на Црвениот плоштад.

На овогодинешната парада учествуваат 13 илјади војници и повеќе од 130 парчиња од најмодерното оружје на Русија. Прикажани се 74 напредни летала, меѓу нив и по еден авион и хеликоптер кое се беспилотни. Според информациите, за парадата се вежбало скоро една година.

Меѓу другото, од воената парада Владимир Путин ја повика меѓународната зедница на создавање на едниствен механизам за безбедност во борбата против тероризмот, неонацизмот и екстремизмот, пренесе агенцијата „Бета“. Тој дополни дека Русија е спремна за соработка со сите кои се подготвени вистински да се борат против овие закани.

– Русија е отворена за сорабока со сите кои се подготвени да се борат против тероризмот, неонацизмот и екстремизмот. Колективниот отпор кон носителите на смртоносните идеи повторно има големо значение. Ги повикуваме сите земји да сфатат дека одоговорноста е заедничка за создадање на ефикасен, еднаков за сите, систем на безбдност – рече Путин.

Тој дополнително порача дека Русија работи и ќе работи на се што е неопходно да се обезбеди висока воена способност на своите оружени органи и одбранбени потеницијали од највисоко ниво.

Исто така, рускиот претседател упати критики до низа на држави кои им помагале на нацистите, што во денешно време намерно ги извртуваат историските факти.

На воената парада присуствуваше највисокиот државен врв и поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбајев. Освен Назарбајев, на парадата немаше други високи претставници на други држави како минатите години.