Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не планира да војува со никого, но дека сака да ги одврати другите земји од конфликт со Москва.

– Ние нема да се бориме со никого. Ние сакаме да создадеме услови според кои никој нема да сака да се бори против нас – изјави тој за ТАСС во интервјуто наречено „20 прашања за Владимир Путин“.

Путин исто така рече дека САД трошат многу повеќе пари за одбраната отколку Русија. Тој истакна детали за еден од неговите разговори со американскиот колега Доналд Трамп за воениот буџет.

– Доналд ми рече дека усвоиле огромен воен буџет за следната година, 738 милијарди долари, мислам – рече Путин и додаде дека Трамп тоа го кажал со жалење.

 

Ердоган в четврток во Москва, се очекува средба со Путин

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во четврток (5 март) ќе престојува во еднодневна посета на Русија, во услови на зголемени тензии меѓу Анкара и Москва поради ескалацијата на судирите со сириските владини сили во Идлиб, објави денеска турското претседателство.

Ердоган се очекува да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, откако 33 турски војници беа убиени во воздушните напади во Сирија, Идлиб, минатата недела, пренесува Ројтерс. Турција одговори со контранапади врз сириската влада, поддржана од Русија.