Авион на авиокомпанијата „Утер“ на летот од Москва до Уфа, главниот град на рускиот регион Башкортостан, морал да се врати на аеродромот по полетувањето откако птица удрила во ветробранот на пилотската кабина, пренесува ТАСС.

-Авионот на летот Москва-Уфа се врати на „Внуково“ откако во него удри птица непосредно по полетувањето. Птицата се удри во ветробранот. Авионот слета безбедно – се вели во соопштението од прес-службата.