Пакистан се надева дека може да биде избегнат воен конфликт со Индија, во спротивно таа војна ќе доведе до „меѓусебно самоуништување“, изјави министерот за надворешни работи на Пакистан Шах Мехмуд Куреши.

– Се надевам дека тоа нема да се случи. Би било меѓусебно самоуништување. Пакистан никогаш не се стреми да ескалира, никогаш не се стреми да заземе непријателска позиција, изјави Куреши во интервју за Си-Ен-Ен.

Тој потсети дека веднаш по преземањето на премиерската функција Имран Хан изјави дека „ако Индија направи чекор кон мирот, Пакистан ќе направиме два“.