Триесет и двегодишниот Ахмад Масуд, син на Ахмад Шах Масуд, харизматичниот антисоветски, а потоа антиталибански командант на отпорот што беше познат и како лавот од Панџшир, наводно формирал коалиција од неколку илјади борци. На Масуд му се приклучија техничкиот претседател Амрула Салех и поранешниот министер за одбрана Бисмила Хан Мохамади.
Според извештаите, силите на отпорот ги нападнале талибанските бунтовници во областа Чарикар во провинцијата Парван во вторникот (17 август). Повторното освојување на Чарикар е од клучно значење, затоа што се наоѓа меѓу премините што преку тунелот Саланг го поврзуваат главниот град Кабул со Мазари-Шариф, кој е најголем град во северен Авганистан.
Кога отпорот го нападна Чарикар од долината Панџшир, други сили предводени од узбекистанскиот лидер Абдул Рашид Достум извршија напад од север за да се поврзат со него. Отпорот од Панџшир, кој вклучува поранешни членови на Северната алијанса и други антиталибански муџахедини, би можел да обедини други антиталибански сили предводени од Достум и од Ата Мухамед Нур во борбата против талибанците.