Жена која го обвинила гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, за сексуално вознемирување, поднела кривична пријава против него, објави денеска полицијата на округот Олбени.

Тоа е првиот случај во кој една жена официјално поднела пријава до службениците за спроведување на законот во врска со наводно несоодветно однесување на Куомо, пренесуваат американските медиуми.

Шефот на полицијата во округот Олбени, Крег Епл, изјави дека е можно Куомо да биде уапсен, доколку истражителите или окружниот обвинител утврдат дека тој го сторил кривичното дело.

– Крајниот резултат може да биде апсење, а обвинителот треба да го процесира случајот. Фактот дека се знае за кого станува збор нема да има влијание, нема да брзаме, но нема ниту да го одложиме случајот – додаде тој.

Асистентката на Куомо, која ја поднесе тужбата, го обвини дека ја турнал раката под нејзината маица и ја милувал кога биле сами во собата минатата година.