Најмалку 48 лица загинаа, а 67 се повредени во самоубиствен напад во западниот дел на главниот град на Авганистан, Кабул, соопшти авганистанското Министерство за здравство.

Повредените се пренесени во градските болници.

Цел на самоубиствениот бомбашки напад била приватна зграда каде се одржувале подготвителни приватни часови за запишување на факултет.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, кој следеше по неколку недели релативен мир во Кабул.