Во 2023 година, НАСА планира да испрати роботски ровер за да бара замрзната вода во близината на југот на Месечината. Лендерот со големина на количка за голф ќе слета во близината на кратерот Нобиле, кој е широк 73 километри и речиси секогаш е во сенка, а таму температурите може да паднат и до -223 Целзиусови степени.
Мисијата на „Вајпер“ (лесно подвижен ровер за поларни истражувања) чини 660 милиони долари и е наменета за поддршка на плановите за човечко истражување на Месечината, при што секој откриен мраз ќе биде мапиран за подоцнежно ископување и би бил можен извор на вода за пиење, воздух за дишење, па дури наменет и за ракетно гориво. Лунарното возило ќе се движи низ областите од интерес околу кратерот Нобиле, а со помош на дупчалка долга еден метар, која е сместена во внатрешноста на роверот, ќе собира примероци од под површината на Месечината.
Како дел од мисијата „Артемида“ на НАСА планирано е да се испратат и првата жена и првиот астронаут од другите заедници, а крајната цел, според најавите, е да се изгради долгорочна човечка база во наредните години. Мисијата со човечки екипаж за враќање на Месечината ќе започне на почетокот на идната година, со беспилотниот пробен лет на вселенската капсула „Орион“.