Над 100 лица се повредени, а неколку згради се оштетени во земјотресот со јачина од 5,7 степени што го погоди југозападниот дел од Иран.

„АП“ пренесе дека седум од 112 повредени лица се префрлени во болница, додека постар маж починал од срцев удар за време на потресот.

Земјотресот го погоди подрачјето на околу 84 километри источно од иранскиот град Ахваз, кое е познато по бројни наоѓалишта на нафта.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на Масџид Солејман во провинцијата Хузестан, околу 450 километри од Техеран.