Повеќе од 1.700 здравствени работници во Кина се заразени со коронавирусот. Заменик-директорот на Националната здравствена комисија на Кина изјави дека речиси 1400 луѓе ѝ подлегнале на заразата, која се прошири во Азија и стигна до САД и Европа.

Бројот на жртвите од коронавирусот порасна на 1.383, а забележани се 5.090 нови случаи, што е рекорден број. Од вирусот заболеа вкупно 64.435 лица во повеќе од 25 земји во светот, а меѓу заболените во Кина има сè повеќе здравствени работници што се грижат за заболените, пренесе Си-ен-ен.