Американскиот претседател Доналд Трамп сака преку австрискиот канцелар Себастијан Курц да комуницира со Европската Унија, изјави амбасадорот на САД во Австрија, Тревор Траина.

Тој по разговорот меѓу Трамп и Курц во Белата куќа изјави дека американскиот претседател му ги пренел на австрискиот канцелар желбите што тој ги имал за Европа. Трамп, како што нагласи Траина, изразил надеж дека канцеларот ќе може да „организира“ одговор за нив од ЕУ.