Британската компанија „Кембриџ Аналитика“ почнува постапка за стечај и веднаш ги запира сите активности, јавија светските медиуми.

– Утврдивме дека не можеме да продолжиме со нашиот бизнис – соопшти компанијата.

„Кембриџ Аналитика“ беше во центарот на скандалот со лични податоци на корисници на социјалната мрежа Фејсбук, кои ги употреби без нивна согласност.