Турција нема да ја напушти Сирија додека сирискиот народ не одржи избори, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

– Штом сирискиот народ одржи избори ние ќе ја препуштиме Сирија на сирискиот народ. Ќе ја напуштиме Сирија по изборите, рече Ердоган на форум во Истанбул.

Ердоган се согласи со рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец да се воспостави демилитаризирана зона меѓу бунтовниците и владините сили на северот на Сирија.