Од осумте држави во кои најмногу жители сметаат дека климатските промени се дело на човечката рака, шест се наоѓаат во Европа. Во Грција најголем број испитаници одговориле дека климатските промени се реални и се случуваат, но и дека човекот е генерално или делумно виновен за тоа, како што покажува една скорашна анкета на „Југов“. Ваквиот став го поддржале 91 отсто од Грците, а 88 отсто од Бразилците.
Овие наоди се во согласност со еден извештај што покажува дека Европа е во првите борбени линии во справувањето со климатските промени. Грција на своја кожа го почувствува влијанието на климатските промени. Топлата и сува медитеранска клима во земјата веќе е нарушена, така што сега се случуваат поекстремни топлотни бранови и суви периоди. Токму поради тоа, грчките власти сметаат дека, порано или подоцна, ќе го искусат влијанието на климатските промени во државата. Се очекува ова да се одрази врз туризмот и врз земјоделството, кои се еднакво важни сектори за економијата во земјата.