Најмалку 54 лица, претежно мигранти од Централна Америка, загинаа во камионска несреќа во јужната мексиканска држава Чијапас, соопштија синоќа властите, во една од најтешките сообраќајни несреќи во земјата во последните години.

Несреќата се случила кога голем камион со приколка се превртел на опасна кривина, изјави шефот на агенцијата за цивилна заштита во Чијапас, Луис Мануел Гарсија.

Меѓу загинатите има мажи, жени и деца. Во несреќата повредени се и 58 лица кои се префрлени во блиските болници, изјави Гарсија. Тројца од нив се здобиле со тешки повреди.

Мигрантите кои бегаат од сиромаштијата и насилството во Централна Америка обично патуваат низ Мексико за да стигнат до границата со САД, а понекогаш се даваат во бегство во големи камиони организирани од шверцери во исклучително опасни услови.