Научниците соопштија дека индонезискиот вулкан Анак Кракатау, кој пред една недела еруптираше и предизвика смртоносно цунами, има само една четвртина од својата големина во споредба со таа што ја имаше пред ерупцијата.

Анак Кракатау сега има обем од 40 до 70 милиони кубни метри, а од ерупцијата и цунамито што го предизвика на 22 декември изгуби од 150 до 180 милиони кубни мерки.

Врвот на кратерот вчера беше со висина од 110 метри, додека во септември Анак Кракатау беше висок 338 метри.

Во разорното цунами загинаа повеќе од 420 луѓе, а 40.000 се раселени.

Властите го предупредија населението да остане оддалечено од брегот на Сунданскиот Проток, кој ги разделува островите Јава и Суматра поради опасност од ново цунами.