Кога Европската Унија (ЕУ) на 1 јули ги отвори границите за државите што не се нејзини членки, САД се најдоа на листата на земји за кои влезот беше забранет. Поради нивниот неуспех да го стават под контрола ширењето на новиот коронавирус, САД не ги исполнија критериумите што ги пропишаа членките на блокот, кој исто така им даде забрана на патниците од Русија и од Бразил.
Европската комисија препорача постепено отворање на европските граници за надворешни посетители на 1 јули, истакнувајќи дека „меѓународните патувања се од клучно значење за туризмот и за бизнис-секторот, како и за поврзување на семејствата и пријателите.

Иако сите треба да бидат внимателни, сега е вистинско време да се направат конкретни подготовки за укинување на рестрикциите за држави чија здравствена состојба е слична со онаа на ЕУ“. Како што покажува инфографикот, врз основа на податоците на универзитетот „Џонс Хопкинс“, повторното отворање на границите за меѓународни патувања за време на летната сезона на одмори негативно се одрази во ЕУ. Откако два месеца успеа да го одржи низок бројот на новозаразени, сепак, почна да се забележува пораст во регистрираните случаи од средината на јули кога прекуграничните патувања го олеснија ширењето на вирусот.

Во меѓувреме состојбата во САД постепено се подобрува, иако треба да се истакне дека бројот на дневни случаи на коронавирус сè уште е двојно поголем отколку на целата територија на ЕУ.