Персоналот на британското Министерство за надворешни работи оставило документи со податоци за контакт на Авганистанците кои работат за нив расфрлани на теренот во кругот на Британската амбасада во Кабул, која беше окупирана од Талибанците, објавија светските медиуми.

– Повлекувањето на нашата амбасада се забрзува бидејќи ситуацијата во Кабул се влошува. Направени се сите напори да се уништат чувствителните материјали – изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи за Ројтерс како одговор на извештајот.

Според агенциите документи со идентификација на седум Авганистанци биле пронајдени во кругот, додека талибанските борци патролирале во амбасадата. Весниците објавија дека на Министерството за надворешни работи му биле доставени детали за тројца членови на персоналот во Авганистан и нивните осум членови на семејството.

– Клучно е што сега успеавме овие три семејства да ги ставиме на листата на безбедни – изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи за Ројтерс доцна синоќа.