Тинџие (лево) и Жонгjи во втората партија

ШАХ – ФИНАЛЕН ТУРНИР НА КАНДИДАТКИТЕ ЗА СВЕТСКА ПРВЕНКА

Користејќи импресивна техника со бели фигури во втората партија, Леи Тинџие (25) по речиси шест часа игра и 79 потези во модерно дамин-гамбит отворање ја победи Тан Жонгји (31) и го израмни резултатот на 1-1 на финалниот турнир на кандидатките за предизвикувачка на светската првенка во шах. Сѐ укажуваше на реми во позиција на разнобојни ловци и пешак повеќе за Тинџие, но грешката на Жонгји во 71-от потег во временски теснец резултира потоа да остане и со два пешака помалку.
Со тоа Жонгји брзо ја изгуби предноста по победата во возбудливата прва партија, која со малку среќа ја доби во 38-от потег во англиско отворање, откако во остра позиција во еден момент мораше да жртвува и втор пешак за да ја одржи позицијата. Победничката од овој финален дуел на кинеските кандидатки Тинџие (25) и светската првенка од 2017 година Жонгjи (31), во меч од шест партии, кој се игра во кинескиот град Чонгкинг, ќе се соочи со актуелната светска првенка Ју Венјун (17-та по ред првенка, а шеста од оваа држава).
Лани во Монако, Тинџие победи во групата со Химпи Конеру, Ана Музичук и со Марија Музичук, а Жонгји во групата со Александра Горјачкина, Александра Костењук и со Катерина Лано. Како и во 2018 година, мечот за титулата светска првенка годинава ќе биде поделен помеѓу градовите Чонгкинг и Шангај, со што ќе се гарантира дека и бранителката на титулата Венјун (32) и предизвикувачка ќе играат по шест партии на домашен терен. Г.И.