Кинеската влада ја откри својата цел за економски раст за 2023 година од околу пет отсто

Многу фирми финансирани од странство во Кина направија одличен почеток во 2023 година, при што нивното раководство покажаа доверба во силното економско закрепнување на земјата

Интензивирање на напорите за привлекување странски инвестиции

Со оптимизираните мерки за превенција и контрола на епидемијата во Кина, кои ги зајакнаа општествената мобилност и меѓународната размена, многу фирми финансирани од странство во Кина направија одличен почеток во 2023 година, при што нивните директори покажаа доверба во силното економско закрепнување на земјата.
Во својот извештај за работата на владата усвоен претходно, кинеската влада ја откри својата цел за економски раст за 2023 година од околу пет отсто, што е повеќе од растот од три отсто забележан во 2022 година.

Странските фирми во Кина очекуваат силна година

И покрај влијанието на пандемијата, заедничкото вложување познато како ББАК на „Мерцедес-Бенц“ и групацијата БАИК во Пекинг успеа да ги постигне своите цели во 2022 година, произведувајќи повеќе од 600.000 возила минатата година.
– ББАК се врати во сосема нормална функција, правејќи одличен почеток во 2023 година – рече Арно ван дер Мерве, извршен директор и претседател на ББАК, кој очекува многу силна година на оперативен план.
За да одговори на зголемените потреби на гигантскиот пазар на нови енергетски возила во Кина, компанијата направи транзиции во своите производствени линии и сега е во состојба флексибилно да го менува производството за автомобили на гориво, хибридни и електрични автомобили врз основа на побарувачката на пазарот.
Помеѓу своето основање во 2005 и 2022 година, ББАК произведе повеќе од четири милиони возила вкупно, а бројката од пет милиони треба да се достигне многу наскоро оваа година, според Ван дер Мерве.

Дополнителни инвестиции во постојните фабрики

Исто така во Пекинг, германскиот технолошки гигант за компресори „Бицер“ одлучи да инвестира уште околу 44 милиони долари во нов објект за својата фабрика во Пекинг, во зоната за економско-технолошкиот развој. Ова е петти пат компанијата да инвестира во својата подружница во Пекинг во изминатите три години, со вкупно 84 милиони јуани инвестирани во претходните четири пати. Карл Хајнц Мајстер, потпретседателот на „Бицер“ за азиско-пацифичкиот регион, рече дека кинеската влада нагласила дека треба да се внимава на висококвалитетниот развој и заштитата на животната средина, така што компанијата треба да дизајнира и пласира нови еколошки производи на кинескиот пазар.

Привлекување странски инвестиции

Според најновиот извештај за работата на владата, Кина ќе ги интензивира напорите за привлекување и искористување странски инвестиции. Земјата ќе го прошири пристапот на пазарот, ќе продолжи да го отвора современиот сектор на услуги, ќе обезбеди национален третман, ќе ги подобри услугите за компаниите финансирани од странство и ќе го олесни започнувањето историски проекти финансирани од странство.
Мичел Дукерис, извршен директор на најголемата светска пиварница „Анхојзер-Буш Инбев“, ја опиша зголемената потрошувачка на Кина како „голем мотор на економскиот развој“ и ја изрази својата увереност во стремежот на компанијата за поперспективна иднина на кинескиот пазар. Со долгорочни големи инвестиции од над 30 милијарди јуани од 1984 година, производителот на пиво го оптимизираше својот синџир на вредност во Кина и постигна голем напредок во изградбата на нови пиварници, капацитети и магацини, како и воспоставување локализирани тимови и таленти.